Продолжува операцијата Еуфратски штит на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Сирија

До денеска во рамките на операцијата Еуфратски штит се истрелани вкупно 2.255 истрели со артилериско орудие врз 527 утврдени терористички цели во северниот дел на Сирија

571338
Продолжува операцијата Еуфратски штит на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Сирија

Продолжува операцијата Еуфратски штит која се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Сирија, во близина на границата на Турција.

Во врска со резултатот на 23-от ден од операцијата беше објавено соопштение од страна на Генералштабот во кое се истакнува дека во рамките на операцијата продолжуваат активностите за зајакнување на одбранбените мерки на граничниот појас со Сирија, во подрачјата на Џераблус и Раи кои се наоѓаат под контрола на Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната сириска армија (ССА).

До денеска во рамките на операцијата Еуфратски штит се истрелани вкупно 2.255 истрели со артилериско орудие врз 527 утврдени терористички цели во северниот дел на Сирија.

Во меѓувреме беа контролирано уништени и 26 мини и 671 експлозивна направа од рачна изработка поставени од страна на припадниците на терористичката организација ДЕАШ.

Од друга страна непрекинато продолжуваат да се реализираат и логистичките активности од страна на Управата за елементарни непогоди и итни состојби АФАД и турската Црвена полумесечина Кизилај, како и Слободната сириска армија (ССА) за доставување на неопходната помош наменета за цивилното население во подрачјето.

Турските вооружени сили (ТВС) кои истовремено ја поддржуваат и операцијата на коалиционите сили против терористичките организации во северниот дел на Сирија кои пак претставуваат безбедносен ризик за Турција, воедно покажуваат максимална внимателност за да не му се наштети на цивилното население во ова подрачје.



Слични вести