Претседателот на Собранието Исмаил Кахраман говореше пред ПАСЕ во Стразбур

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман во своето излагање ги изнесе своите примедби пред претседателите на парламентите на земјите членки на Советот на Европа поради ставот пред обидот за преврат на 15 јули

571414
Претседателот на Собранието Исмаил Кахраман говореше пред ПАСЕ во Стразбур

Претседателите на Парламентите на земјите членки на Советот на Европа се состанаа во францускиот град Стразбур.

На конференцијата земјава ја претставуваше претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман.

Поздравниот говор на отворањето на конференцијата го одржа претседателот на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) Педро Аграмунт кој најпрвин се осврна на обидот за преврат на 15 јули во Турција.

Велејќи „Во Турција бев сведок на мошне трагични настани“, Аграмунт рече: „Турските граѓани покажаа пример на неприкосновено јунаштво против обидот за преврат за уништување на демократијата.“  

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман пак во своето излагање пред присутните ги изнесе своите примедби пред претседателите на парламентите на земјите членки на Советот на Европа и напомена дека Турција пред обидот за преврат на 15 јули и борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО очекуваше од европските парламентарци да достават безусловна осуда, но дека беше разочарана.

Упатувајќи и критики на применувањата во некои европски земји кон протестите кои што беа одржани во европските градови по обидот за преврат, Кахраман продолжи со следните зборови: „Со кои демократски вредности може да се обрзаложи тоа што во некои европски градови турските граѓани кои излегоа на улиците во знак на протест против обидот за преврат и за да ја изнесат својата приврзаност кон демократијата беа подложени на претреси и им беа изречени парични казни.“   

Борбата на Турција против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО беше поставена на дневен ред и на средбата на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман со претседателката на Горниот дом на рускиот парламент, Советот на Руската Федерација Валентина Матвиненко.

Двајцата претседатели на парламенти, Кахраман и Матвиненко се договорија по прашањето на тоа дека заедно со нормализирањето на односите помеѓу Турција и Русија треба да се зајакне и меѓупарламентарната соработка помеѓу двете земји.

Исмаил Кахраман и се заблагодари на својата колешка од Русија за ставот што го презентираат против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.  

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман на маргините на конференцијата на претседателите на Парламентите на земјите членки на Советот на Европа оствари билатерални средби и со претседателите на парламентите на Франција и Норвешка.



Слични вести