Началникот на Генералштабот на руската армија Герасимов се состана со генерал на армија Хулуси Акар

На дневен ред на средбата помеѓу началниците на Генералштабовите на двете земји, генерал на армија Хулуси Акар и рускиот началник Валериј Герасимов беа поставени случувањата во Сирија и други актуелни прашања

571304
Началникот на Генералштабот на руската армија Герасимов се состана со генерал на армија Хулуси Акар

Началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов вчера во Анкара се состана со началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар.

Главната точка на дневниот ред на средбата ја сочинуваа случувањата во Сирија во чии рамки беа разменети мислења по прашањето на решавањето на кризата во оваа земја.

Освен тоа на средбата детално беше разгледана и борбата против терористичката организација ДЕАШ.

На маса беа поставени и операциите кои што и двете земји ги засилија во последно време против терористичката организација ДЕАШ.

Во тие рамки беше направена проценка и на операцијата Еуфратски штит која што се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Сирија, во близина на границата на Турција. 

На дневен ред на средбата помеѓу началниците на Генералштабовите на двете земји, генерал на армија Хулуси Акар и рускиот началник Валериј Герасимов беа поставени и чекорите кои што ќе бидат фрлени за зајакнување на воената соработка помеѓу двете земји.

Од страна на воени извори на двете земји се истакнува дека согласноста на воен план помеѓу двете земји беше уште повеќе зајакнета на остварената средба помеѓу началниците на генералштабовите.

Се привлекува внимание дека оваа посета која се остварува по поминати 11 години претставува показател за значењето кое што и го придава Руската Федерација на Турција како голема сила во регионот.



Слични вести