Жестока реакција на Турција на насловната страница на Дер Шпигел

Дер Шпигел за жал се приклучи кон делот од европските медиуми кои во последниот период вршат обид за фрлање сенка врз имиџот на Турција врз база на разни предрасуди и шпекулативни написи

571106
Жестока реакција на Турција на насловната страница на Дер Шпигел

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција Танжу Билгич рече дека насловната страница на специјалното издание на германскиот неделник Дер Шпигел на која што се прикажува претседателот Реџеп Тајип Ердоган претставува обид за оцрнување на Турција и фрлање сенка врз имиџот на Турција. Ова е за секаква осуда и од аспект на тоа што претставува обид за создавање негативна слика и за Исламот воопшто како религија.

Дер Шпигел за жал се приклучи кон делот од европските медиуми кои во последниот период вршат обид за фрлање сенка врз имиџот на Турција врз база на разни предрасуди и шпекулативни написи. Насловната страница на специјалното издание на неделникот Дер Шпигел е крајно провокативна и сензационалистичка и мислам дека е подготвена не само да предизвика негативна слика за Турција туку и за Исламот како религија воопшто,подвлече Билгич.

Со индигнација го осудуваме и обидот за именување на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој е избран на слободни и демократски избори со разни несоодветни изрази.

Инаку на насловната страница на специјалното издание на германскиот неделник Дер Шпигел се прикажува претседателот Реџеп Тајип Ердоган и минариња во вид ракети а над нив е поставен насловот „Земја која ја губи својата слобода“.

Не може а да не се забележи дека неделникот Дер Шпигел за жал останува слеп на фактот дека обидот за крвавиот воен удар на терористичката организација ФЕТО на 15 јули годинава беше директно насочен врз демократијата во Турција.



Слични вести