Народот спречи странска окупација на Турција

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач на земјава со ЕУ Омер Челик зеде учество на свеченоста што се одржа во седиштето на владејачката АК партија во Адана по повод Курбан Бајрам

571042
Народот спречи странска окупација на Турција

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач на земјава со ЕУ Омер Челик зеде учество на свеченоста што се одржа во седиштето на владејачката АК партија во Адана по повод Курбан Бајрам.

Министерот Челик во оваа прилика се осврна на неуспешниот обид за воен удар на 15 јули годинава и рече дека да не беше отпорот на народот Турција ќе беше окупирана од странска сила. Обидот за воен удар од 15 јули е различен од претходните воени удари во Турција. Воените удари од 1960, 1971 и 1980 година беа насочени против тогашните актуелни власти,но воениот удар од 15 јули годинава имаше за цел да ја приграби сета држава и државните органи да ги отстапи на една странска сила.Токму заради тоа народот кој што се  спротивстави на обидот за воен удар на 15 јули се спротивстави на странска окупација на земјата, народот застана во одбрана на татковината од страна на странски окупаторски сили.

Министерот Челик се осврна и на сменетите 28 градоначалници во јужниот дел на Турција и рече дека смените беа неминовност бидејќи тие градоначалници делуваа во корист на терористичките организации ФЕТО и ПКК а не во корист на народот, и тоа користејќи ги можностите кои им ги даваше државата на Република Турција.

 



Слични вести