Ердоган,Турција нема територијални претензии кон Сирија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган говореше на свеченоста по повод празникот Курбан Бајрам што се одржа во конгресниот центар Халич во Истанбул

570568
Ердоган,Турција нема територијални претензии кон Сирија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган говореше на свеченоста по повод празникот Курбан Бајрам што се одржа во конгресниот центар Халич во Истанбул. Ердоган се осврна на актуелните случувања во земјава и регионот, на опасностите и заканите со кои што се соочува Турција и рече:

Да не беше сплотеноста меѓу граѓаните на основа на верата и приврзаноста кон татковината не ќе можевме да излеземе на крај ниту со настаните од 2007’ та, ниту 2013 ’та на протестите Гези во Истанбул, ниту со обидот за државен удар на 17 и 25 декември ниту со најновиот обид за воен удар на 15 јули годинава.

Турција како што беше досега така и од сега решително ќе се бори со сите терористички организации независно дали се тоа ФЕТО,ПКК или ДАЕШ.

Ердоган се осврна и на дискусиите што се водат за повторно воведување на смртната казна во земјава и рече дека одлуката ќе ја донесе народот,така што и парламентот ќе мора да постапи според народната воља.

За обидот за воен удар реализиран на 15 јули годинава претседателот Ердоган рече:15 јули е само една игра од низата што се водат на сметка на Турција. Не само Турција оваа игра се игра и за дестабилизација и на Ирак, Сирија, Авганистан, Египет, Тунис и Либија. Целта е дестабилизација на муслиманските држави. Народот очекува од нас да им ја расипеме оваа игра на заговорниците.

Ердоган во продолжение се осврна на тероризмот и рече дека нема апсолутно било каква разлика меѓу терористичките организации ПКК, ФЕТО и ДАЕШ. Сите тие имаат една мисија, да му наштетат на народот и на државата.

Одредени градоначалници под влијание на ПКК ја злоупотребиле својата функција и се претвориле во елементи на ПКК секако користејќи ги можностите на државата им пружале логистичка и друга поддршка на терористите.

Јас им порачувам на овие градоначалници дека самиот факт што тие беа избрани на избори не значи и дека имаат право на заштеда на власта.

Претседателот Ердоган се осврна и на последните случувања во и околу Сирија и рече: Турција нема територијални претензии кон Сирија. Сирија им припаѓа на Сиријците и така треба да биде. Но бараме и другите да се однесуваат на овој начин, да не прават есапи на сметка на територијалниот интегритет на Сирија. Постојано укажуваме на тоа. Реализацијата на воената операција Штитот на Еуфрат е нешто што се практикува со години меѓу сојузниците на НАТО и на Европската унија. Само терористичките организации се страната која што се жали поради реализацијата на оваа воена операција на турските вооружени сили,која пак од друга страна наидува на задоволство кај сириските граѓани.Тоа е јасен доказ дека сме на вистинскиот пат, додаде претседателот Ердоган.



Слични вести