Ибрахим Калин, Турција нема воен план за Рака

Калин во изјава за весникот Хабертурк се задржа на учеството на Турција во операциите на меѓународната коалиција против ДАЕШ во Сирија

570327
Ибрахим Калин, Турција нема воен план за Рака

Портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Ибрахим Калин изјави дека Турција нема воен план за Рака.

Турција делува во соработка со меѓународната коалиција така да е решителна тоа подрачје целосно да биде почистено од терористите на ДАЕШ.

Калин во изјава за весникот Хабертурк се задржа на учеството на Турција во операциите против ДАЕШ во Сирија и рече дека меѓународната заедница ја увиде решителноста на Турција во борбата против тероризмот со реализацијата на воената операција Штитот на Еуфрат. Калин рече дека Турција нема воен план за Рака.

Калин истакна: ги поддржавме воените операции за чистење на Мунбич од ДАЕШ, не бевме директно вклучени во операциите но принципиелно ја дадовме нашата поддршка. Имавме еден услов, ПЈД нема да влезе во Мунбич и нема таму да се стационира. Истото се однесува и на Рака. Моментално немаме воен план за Рака.

Ибрахим Калин се осврна и на воената операција на меѓународните сили над Ел Баб во Сирија.Тој истакна дека засега Турција не истакна било каков тајминг за Ел Баб но дека сосема сигурно ќе биде реализиран опсежен и детален план за Ел Баб.

Сево ова се операциони детали,на кои што моментално работи Турција. Секако дека треба да се земе во предвид предлогот на американскиот претседател Барак Обама на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Уште еднаш истакнувам Турција е решителна во соработка со силите на меѓународната коалиција целото тоа подрачје да биде почистено од ДАЕШ, подвлече портпаролот на кабинетот на претседателот на републиката Ибрахим Калин во интервју за весникот Хабертурк.

 



Слични вести