Заштитата на територијалниот интегритет на Сирија е неминовна потреба

Предлогот за мирот во Сирија кој го изнесе Турција, треба да се подржи од страна на целиот свет

569759
Заштитата на територијалниот интегритет на Сирија е неминовна потреба

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека постои неминовна потреба за воспоставување траен мир кој ќе го заштити територијалниот интегритет на Сирија.

Во изјавата за печатот по бајрамскиот намаз што го клањаше во Истанбул, премиерот Јилдирим се осврна на  привременото примирје кое беше прогласено по повод Курбан бајрам во Сирија и подвлече дека ниту една страна нема корист од 6 годишната граѓанска војна во оваа земја.

Ниту една причина не може да го оправда убиството на луѓето. Основната должност на човештвото е да го оживува човекот. Особено предлогот за мирот во Сирија кој го изнесе Турција, треба да се подржи од страна на целиот свет и во тие рамки САД и Русија да земат поактивна улога во продолжувањето на примирјето и реализирањето на трајниот мир во оваа земја.

Во својство на премиер на република Турција, уште еднаш го повикувам светот да прекине војната во Сирија. Веќе доста, поминаа 6 години. Уште колку луѓе ќе умрат. Дојдете сите заедно примирјето да го претвориме во траен мир и да формираме нова Сирија во која сите групи, секти, етнички групи ќе бидат претставени и ќе се обезбеди територијалниот интегритет и суверенитет на земјата.

Во врска со операцијата Еуфратски штит премиерот Јилдирим рече дека со истата се планира да се уништат и оддалечат сите терористички организации како што се ДАЕШ и другите од регионот и овие територии да м се предадат на вистинските сопственици.

Операцијата Еуфратски штит и поддршката на Слободната сириска  срмија ќе продолжи се додека не се обезбеди граничната безбедност на Турција, не се укинат заканите врз животите и имотите на турските граѓани, рече премиерот Јилдирим.



Слични вести