Назначувањето стечајни управници на местото на 28 градоначалници задоцнет чекор

Одлуката за назначување стечајни управници на местото на 28 градоначалници требаше да се донесе порано

569794
Назначувањето стечајни управници на местото на 28 градоначалници задоцнет чекор

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, одлуката за назначување стечаен управник на местото на 28 градоначалници кои во рамките на истрагата беа изземени од должноста поради помош и поддршка на сепаратистичко терористичките организации ПКК/КЏК и ФЕТО ја оцени како задоцнет чекор.

Претседателот Ердоган, бајрамскиот намаз го клањаше заедно со внуците Омер Тајип Ердоган и Ахмет Акиф Албајрак во џамијата Шумата Фатих во Регионалната дирекција за шумарство на Истанбул.

Одлуката за назначување стечајни управници на местото на 28 градоначалници согласно Уредбата со законска сила требаше да се донесе порано и изрази верба дека натамошните услуги во 28-те општини ќе биде многу подобра во споредба со минатото.

Премиерот Бинали Јилдирим во врска со истото прашање даде изјава по бајрамскиот намаз што го клањаше во џамијата на Теолошкиот факултет на универзитетот Мармара во истанбулската населба Усќудар.

За жал некои општини станале логистички центри за поддршка на терористичката организација. Изворите и приходите на државата наместо да ги трошат за потребите и разубавувањето на општините и градовите, на илегален начин ги префрлиле на сметка на терористичката организација. Оваа ситуација беше утврдена во сите општини чии градоначалници беа изземени од должност. Тоа се факти кои беа утврдени за време на истрагите што беа спроведени и правниот процес. Затоа неприфатлив е нивниот обид да држат лекции за демократија.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу по бајрамскиот намаз во Муш рече дека избирањето не значи узурпација и присвојување на правото и демократијата, туку напротив, заштита на правото.

Лидерот на Партијата за национално движење Девлет Бахчели по бајрамскиот намаз го посети гробот на основачот на партијата Алпарслан Турќеш и се осврна на назначувањето управници во 8 општини.

Назначувањето на управниците не треба да се оцени како потфат против избраните, подвлече Бахчели и додаде дека радува фактот дека одлуката беше усвоена во рамките ан борбата против тероризмот.



Слични вести