Во областа Џераблус заземени од рацете на ДЕАШ уште 4 населени места

Денеска на 16-от ден од операцијата Еуфратски штит која што ја реализираат Турските вооружени сили против терористичките организации во Џераблус, на чело со ДЕАШ од две страни беше влезено во уште 4 населени места

568004
Во областа Џераблус заземени од рацете на ДЕАШ уште 4 населени места

Турските вооружени сили (ТВС) го соопштија билансот од досегашните 16 дена од операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија во близина на границата на Турција.

Во рамките на операцијата досега се истрелани вкупно 2.032 истрели врз 457 терорисчки цели.

Денеска на 16-от ден од операцијата Еуфратски штит која што ја реализираат Турските вооружени сили против терористичките организации во Џераблус, на чело со ДЕАШ од две страни беше влезено во уште 4 населени места.

На тој начин е водпоставена контролата и во населените места Кантара, Еш Шехид, Ел Хумран и Ташлихујук.

Врз терористичката организација ДЕАШ со хаубици Фиртина беа истрелани 51 истрел врз 12 терористички цели.

Исто така и воени авиони на Турските воздушни сили во исто време уништија 3 штаба на ДЕАШ на југот на Кантара.

Во меѓувреме и воени авиони на коалиционите сили уништија едно возило наоружено со тешко оружје на ДЕАШ во областа Јахмул.



Слични вести