Турските вооружени сили во северниот дел на Сирија уништија 5 цели на терористичката ДЕАШ

Вчера 15-от ден од операцијата Еуфратски штит со помош на хаубици Фиртина беа погодени со сто процентна прецизност 5 утврдени терористички цели во областа Шанди врз кои беа истрелани 10 истрели

567298
Турските вооружени сили во северниот дел на Сирија уништија 5 цели на терористичката ДЕАШ

Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операцијата Еуфратски штит во западниот дел на населеното место Шадир уништија 5 цели на терористичката организација ДЕАШ меѓу кои се наоѓаат и едно возило наоружано со тежок митралез и два згради кои биле користени како штаб од страна на организацијата.

Во објавеното соопштение од Генералштабот се истакнува дека продолжува операцијата Еуфратски штит која беше започната од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Сирија на 24 август, а со цел елиминирање на заканата од терористичките организации на чело со ДЕАШ, зголемување на пограничната безбедност и поддршка на коалиционите сили.

Во соопштението се вели дека операцијата се реализира во рамките на правата на Турција кои што произлегуваат од меѓународното право, нејзиното легитимно право на самоодбрана согласно членот 51 од повелбата на ОН и усвоените резолуции на ОН за борба против терористичката организација ДЕАШ.

Вчера 15-от ден од операцијата Еуфратски штит со помош на хаубици Фиртина беа погодени со сто процентна прецизност 5 утврдени терористички цели во областа Шанди врз кои беа истрелани 10 истрели.   

„Од денот кога започна операцијата Еуфратски штит досега се истрелани вкупно 1.967 истрели врз 441 цел. Во западниот дел на населеното место Шадир беа уништени 5 цели на терористичката организација ДЕАШ меѓу кои се наоѓаат и едно возило наоружано со тежок митралез и два згради кои биле користени како штаб од страна на организацијата.

Турските вооружени сили кои и даваат поддршка на операцијата на коалиционите сили во северниот дел на Сирија кој се користи од страна на терористичките организации и доведува до безбедносни ризици во нашата погранична област ги преземаат сите видови мерки за да не биде причинета штета врз цивилното население во областа и покажуваат максимална чувствителност по ова прашање.“ се вели во објавеното соопштение од Генералштабот.

Според истото соопштение јужно од Вукуф од страна на коалицоните воздушни сили со беспилотно летало било уништено возило натоварено со експлозив на терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести