Столтенберг вечерва ќе допатува во посета на Турција

На разговорите првенствено ќе стане збор збор за борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и операцијата Еуфратски штит која продолжува во северниот дел на Сирија

567301
Столтенберг вечерва ќе допатува во посета на Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во знак на солидарност со турската влада и турскиот народ и повторно нагласување на значењето на турската армија во склопот на Алијансата денеска во вечерните часови ќе допатува во Анкара.

Столтенберг во рамките на својата посета ќе се состане и со претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и со премиерот Бинали Јилдирим.

На разговорите првенствено ќе стане збор збор за борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и операцијата Еуфратски штит која продолжува во северниот дел на Сирија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на оваа своја критична посета на Турција што ќе ја реализира по обидот за воен удар на 15 јули ќе оствари средби и со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман, началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар и министерот за одбрана Фикри Ишик.



Слични вести