Статија од министерот Омер Челик за Ле Фигаро: „Членството на Турција во ЕУ сеуште е стратешка цел“

Министерот за ЕУ Омер Челик во својата статија што ја напиша за „Ле Фигаро“ едниот од водечките француски весници вели дека членството на Турција во ЕУ сеуште претставува стратешка цел

567777
Статија од министерот Омер Челик за Ле Фигаро: „Членството на Турција во ЕУ сеуште е стратешка цел“

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик за „Ле Фигаро“ едниот од водечките француски весници напиша статија под наслов „Членството на Турција во ЕУ сеуште е стратешка цел“.

Во статијата министерот Омер Челик пишува дека членството на Турција во ЕУ сеуште претставува стратешка цел и вели: „Нема да не спречат двојните стандарди и недостатокот од учтивост на некои наши колеги.“

Нагласувајќи дека милиони Турци се разочарани, Челик го истакнува следното: „Дали Европа ќе ги утеши милиони Турци кои доживуваат разочараност всушност ќе го покаже тоа дали проектот на ЕУ располага со способност да се одржи во живот.“ 

Истакнувајќи дека беа согледани ставовите на европските лидери по 15 јули, Омер Челик напомена дека Европа од глобалната криза во 2008 година води борба со проблеми како што се популизмот, повлеченоста во себе и непријателството кон странците. 

Челик напиша дека и покрај тоа што на изглед како да се гледа оти европските лидери зборуваат во врска со Турција вистинското прашање за кое што се дискутира се интензивира на тоа кои вредности ги претставува ЕУ, што ќе направи за да ги одбрани овие вредности и каде ја гледаат Унијата во наредните децении.

Нагласувајќи дека Турција низа пати и ја подаде својата рака за помош на ЕУ, министерот Омер Челик во својата статија за „Ле Фигаро“ напиша: „Турција низа пати и ја подаде својата рака за помош на ЕУ. Ја сопревме илегалната миграција, доставивме предвремено предупредување во врска со терористите кои ги измасакрираа невините луѓе во Париз и Брисел и го спречивме заминувањето на 50 илјади странски терористички борси во Сирија. Членството на Турција им стана извор на инспирација на муслиманите во светот и на мигрантите кои живеат во Европа.“

Осврнувајќи се и на операцијата Еуфратски штит која што се реализира во северниот дел на Сирија во близина на границата со Турција, министерот за ЕУ Омер Челик нагласи дека благодарение на оваа операција се придонесува и во контролата на илегалната миграција и безбедноста на Европа.



Слични вести