Претседателот Ердоган ги прими спортистите кои освоија медали на ОИ 2016 во Рио

Претседателот Ердоган вчера во претседателската палата ги прими 8-те турски спортисти кои освоија медали на Олимписките игри 2016 во Рио

567369
Претседателот Ердоган ги прими спортистите кои освоија медали на ОИ 2016 во Рио

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган вчера во претседателската палата во Бештепе во Анкара ги прими 8-те турски спортисти кои освоија медали на Олимписките игри 2016 во Рио.

На приемот што беше затворен за печатот присуствуваа и премиерот Бинали Јилдирим, министерот за младина и спорт Акиф Чагатај Килич и главните советници на претседателот Ердоган поранешниот кошаркар Хидајет Туркоглу и поранешниот борач Хамза Јерликаја.

Меѓу турските спортисти беа репрезентативниот борач Таха Акѓул кој го освои единствениот златен медал за Турција на Олимписките игри 2016 во Рио и уште 7 спортисти кои освоија сребрени и бронзени медали.

Турските спортисти освоените медали на Олимписките игри им ги посветуваат на жртвите-шехиди и ветија дека ќе постигнат нови успеси.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган одделно им честита на турските спортисти за освоените медали и им подари различни подароци.

Потоа турските спортисти сликаа спомен фотографија со претседателот Ердоган.



Слични вести