Премиерот Бинали Јилдирим се состана со катарскиот премиер Ал Тани

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека чувствува големо задоволство од пречекот на Ал Тани и делегацијата во негова придружба

568019
Премиерот Бинали Јилдирим се состана со катарскиот премиер Ал Тани

Премиерот Бинали Јилдирим во владиниот дворец на Чанкаја во Анкара се состана со катарскиот премиер Абдулах Бин Насир Ал Тани кој престојува во посета на Турција.

Јилдирим на разговорите кои започнаа со остварена средба лице в лице и продолжија со ручек на делегациите на двете земји истакна дека чувствува големо задоволство од пречекот на Ал Тани и делегацијата во негова придружба.

Бинали Јилдирим нагласи дека Катар покажа извонредна солидарност со Турција пред грозоморниот обид за воен удар кој беше реализиран од страна на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули и напомена дека тоа се цени и се дочекува со задоволство. 

Велејќи дека односите со Катар сеодвиваат на извонредно ниво, премиерот Јилдирим нагласи дека посакува новите чекори кои ќе бидат фрлени во сфери како што се взаемните инвестирања, трговијата, одбранбената индустрија и енергијата и здравствениот туризам да ги продлабочат уште повеќе  односите помеѓу двете земји.

Бинали Јилдирим привлече внимание дека Катар за 2030, а Турција за 2023 година располагаат со свои големи визии и подвлече дека стратешкото партнерство на двете земји се наоѓа на чело на најзначајните средства  во постигнувањето на овие цели и во обезбедувањето придонес на просперитетот и стабилноста.

На средбата катарскиот премиер Ал Тани подвлече дека Катар кон односите со Турција има приод со стратешка визија, а во рамките на историските пријателски врски.

Велејќи дека неговата земја веднаш го осуди обидот за воен удар на ФЕТО/ПДЈ на 15 јули и дека беше покрај братска Турција како со телефонски разговори така и со остварени посети на различно ниво, Ал Тани додаде дека Катар е одлучен да ја зајакне соработката со Турција во секоја сфера и во иднина.

Од друга страна беше истакнато дека на разговорите освен за билатерални прашања станало збор и за регионални случувања на чело со оние во Сирија.

Катарскиот премиер Абдулах Бин Насир Ал Тани потоа беше примен и кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести