„Операцијата Еуфратски штит може да се продлабочи кон внатрешноста на Сирија“

Потпретседателот на владата Нуреттин Џаникли истакна дека операцијата Еуфратски штит која се реализира на сириска територија во близина на границата се Турција може да се продлабочи кон внатрешноста на оваа земја

567279
„Операцијата Еуфратски штит може да се продлабочи кон внатрешноста на Сирија“

Во претседателската палата во Бештепе во Анкара се одржа состанок на владата под претседателство на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

Состанокот траеше приближно 6 и пол часа.

По состанокот изјава пристигна од потпретседателот на владата Нуреттин Џаникли кој истакна дека  била направена детална проценка со сите нивни поединости во однос на лидерскиот самит на Г-20 во Кина и актуелни внатрешни и надворешни безбедносни прашања

Нуреттин Џаникли истакна дека  операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија во близина на границата со Турција може да се продлабочи кон внатрешноста на територијата на оваа земја.

Џаникли ги сподели и последните информации во врска со операциите кои што се реализираат внатре во земјата и притоа соопшти дека досега се спречени 229 терористички настани и 19 напади на бомбаши-самоубијци.

Нуреттин Џаникли истакна дека на самитот на Г-20 во Кина Турција ја претставуваше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган каде што отпатува со многучлена делегација и оствари билатерални средби речиси со сите лидери кои учествуваа на самитот. Притоа на сиве овие средби било разговарано особено за прашањето со тероризмот и Сирија, а биле доставени и детални инфромации во врска со обидот за воен удар со кој се соочи Турција на 15 јули, истакна Џаникли.

Во врска со операцијата Еуфратски штит Нуреттин Џаникли информираше дека досега на територијата на Сирија во северниот дел на оваа земја се исчистени вкупно 772 километри квадратни од терористичката организација ДЕАШ и напомена дека оваа област сега е под контрола на Слободната сириска армија (ССА).

Заклучно со вчерашниот 15-ти ден од операцијата Еуфратски штит Џаникли рече дека животот во загубија четворица турски војници, 19 војници беа повредени, беа тешко оштетени 4 тенка и едно оклопно воено возило беше полесно оштетено.

Од редовите на Слободната сириска армија (ССА) пак има 16 загинати и 27 ранети војници, истакна Џаникли и додаде дека е нормализирана состојбата во Џераблус и околината.

Нуреттин Џаникли напомена дека во понеделник ќе бидат обезбедени потребите од вода во Џераблус, а во саботата на областа ќе му се доставува и електрична струја.

Џаникли истакна дека жителите на Џераблус кои се наоѓаат во Турција почнаа да се враќаат во своите домови.

На едно поставено прашање потпретседателот на владата Нуреттин Џаникли одговори дека се гледа позитивно на барањето на САД за исчистување и на градот Рака и околината од терористичката организација и рече дека техничките разговори по ова прашање продолжуваат.



Слични вести