„Ќе продолжиме да чекориме со елан по нашиот пат се додека не биде целосно искоренет тероризмот“

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи да чекори со елан по нејзиниот пат се додека не биде целосно искоренет тероризмот

567958
„Ќе продолжиме да чекориме со елан по нашиот пат се додека не биде целосно искоренет тероризмот“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на состанокот на валиите во Анкара истакна дека Турција ќе продолжи да чекори со елан по нејзиниот пат се додека не биде целосно искоренет тероризмот.

Ердоган рече: „За нас нема никаква разлика помеѓу ПКК и ФЕТО/ПДЈ и ДЕАШ и ДХКП-Џ. Сите тие се непријатели на нашата земја, нашиот народ, нашето знаме, нашата татковина и нашата држава. Сето тоа го видовме и доживеавме многу поотворено и појасно по 15 јули. Ако е така ќе проодлжиме да чекориме по нашиот пат со елан и одлучност се додека сите не бидат целосно искоренети. Ќе продолжам да ја водам оваа борба, велам во мое сопствено име, се додека не остане ниту еден од нив. Ќе продолжам да ја водам оваа борба се додека сум жив.“

Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Во моментов во Џераблус веќе не остана ништо од ДЕАШ. Тие ќе бегаат ние ќе ги бркаме. На ист начин и во Раи. Ги фрливме нашите чекори и таму. И таму напредуваме и ќе продолжиме да напредуваме. До каде? Тоа и нема потреба да го сооштиме. И ние си имаме план според нас. Кој е тој план? Тој план е да се земат под гаранција границите на Турција. Ние не можеме да кажеме „да“ за обидите за формирање коридор. И овде ги реализиравме и ќе ги реализиме нашите дипломатски разговори и од друга страна ние овие наши граници ќе ги извадиме од состојба на терористички коридор и ќе ги доведеме во состојба на мировен коридор. Ниту немаме ниту најмали претензии кон териториите на Сирија.“

Во врска со операцијата за Еуфратски штит на северот на Сирија во близина на границата со Турција, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Според меѓународното право доколку не добиете покана од владата на таа земја не можете да влезете таму. Да не извинат, но ние ја прифативме поканата на народот кој е сопственик на таа земја. Ионака власта на таа земја е сурова. Зарем ќе побараме дозвола од еден убиец кој измасакрира 600 илјади лица?“

„Тоа што операциите на Турција во Сирија се одвиваат брзо и успешно колку што не можеше да се пресмета го промени и погледот на светската јавност кон регионот. Отсега не е можно да се стави во примена ниту едно сценарио во регионот во кое нема да ја има Турција и нема да се побара согласноста на Турција.“



Слични вести