Во воздушна операција во руралното подрачје на Чукурџа-Хаќќари неутрализирани 12 терористи на ПКК

По добиени навремени разузнавачки информации турски воени авиони од 04:53 до 05:15 часот според турско време реализираа воздушна операција во руралното подрачје на Чукурџа кај Хаќќари во која беа неутрализирани 12 терористи на ПКК

566988
Во воздушна операција во руралното подрачје на Чукурџа-Хаќќари неутрализирани 12 терористи на ПКК

Во реализирана воздушна операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во руралното подрачје на населеното место Чукруџа во округот Хаќќари беа неутрализирани 12 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

По добиени навремени разузнавачки информации турски воени авиони од 04:53 до 05:15 часот според турско време реализираа воздушна операција во руралното подрачје на Чукурџа кај Хаќќари.

Во операцијата беа неутрализирани 12 терористи на ПКК, а беа уништени и една утврдена динамична цел и едно засолниште на терористичката организација.

Турските воени авиони по успешно реализираната воздушна операција се вратија безбедно во своите бази.



Слични вести