Турција остро го осуди нападот со отровен гас хлор во Алепо

Во објавеното соопштение од МНР на Турција се истакнува дека нападот со отровен гас хлор за кој станува збор претставува отворено прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН број 2218 и 2209

567276
Турција остро го осуди нападот со отровен гас хлор во Алепо

Турција остро го осуди нападот со отровен гас хлор кој што беше реализирана со барел-бомби вчера од страна на сирискиот режим во населбата Сукери во Алепо и во кој беа повредени приближно 100-тина цивили, а животот го загуби и едно тригодишно дете.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека нападот за кој станува збор претставува отворено прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН број 2218 и 2209.

Во соопштението се вели: „Реализацијата на овој напад веднаш откако од страна на Организацијата за забрана на хемиското оружје и Механизмот за заедничко истражување на ОН беше установено дека режимот употребил хемиско оружје и во период кога се интензивираат напорите за повторно воспоставување на пропаднатиот прекин на огнот, уште еднаш изнесе на виделина дека сирискиот режим не и обрнува внимание на меѓународната заедница.“

Во соопштението на министерството се упатува повик до меѓународната заедница земајќи го во повод наближувањето и на Курбан Бајрам да се воспостави средината на стопирање на судирите во Алепо и во цела Сирија, а воедно се нагласува дека и Турција ќе продолжи да води напори на овој пат.

Режимот на Асад завчера реализира напад со хлорни барел бомби во населеното место Сукери во Алепо во кој беа подложени на влијанието на отровниот гас хлорот приближно 100-тина лица кои беа затруени и префрлени на лекување.

Функционери на полската болница во Сукери истакнаа дека кај лицата кои биле подложени на влијанието на отровниот гас биле забележани симптоми како што се проблеми со видот, повраќање, вртоглавица и отежнато дишење.

Според исти функционери здравствената состојба на двајца од префрлените затруени лица во болница била тешка.



Слични вести