Целта на Владата е што поскоро да се имплементира безвизното патување на турските граѓани

Со голема самодоверба сакам да ја изразам спремноста на Турција за отворање на овие поглавја

567074
Целта на Владата е што поскоро да се имплементира безвизното патување на турските граѓани

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач Омер Челик рече дека целта на Владата е што поскоро да се имплементира безвизното патување на турските граѓани во земјите членки на ЕУ.

Во рамките на посетата на Португалија, министерот Омер Челик се состана со португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантос Силва.

На заедничката прес конференција, министерот Челик упати повик до ЕУ заедно да ги започнат поглавјата кои се тема на критики на.

Челик рече:

Да ги отвориме поглавјата кои се однесуваат на слободата на медиумите, правната држава. Со голема самодоверба сакам да ја изразам спремноста на Турција за отворање на овие поглавја.

Во освртот на тврдењето на германскиот печат дека визната либерализација наместо во октомври ќе почне да се спроведува во декември, министерот челик рече:

Меѓу Советот на Европа и Турција постои еден механизам во чии рамки за промените што ќе се извршат се дава гаранција. Со спроведувањето на визната либерализација и надминувањето на тешкотиите во борбата против тероризмот, се предвидува да се остварат дадените ветувања и гаранции. Проблемот не е во тоа визната либерализација да почне во октомври или ноември, туку што поскоро.

Во освртот на операцијата Еуфратски штит што започна на северот на Сирија против терористичките организации, министерот челик рече дека турската армија во Сирија влезе со цел да војува против терористичката организација ДАЕШ и другите и да ги исчисти овие територии од терористичките организации. Турската армија за кратко време ги порази силите на терористичката организација која не можеше да се порази од страна на сојузничките сили на 55 земји. Првпат границите на НАТО целосно се исчистени од ДЕАШ.

Министерот Челик ги критикуваше политиките на Европа против бегалците и рече дека Турција ги отвори своите порти за 3 милиони бегалци од Сирија и до денес државата и невладините организации потрошија околу 25 милијарди долари. Додека ЕУ сеуште не ја испрати материјалната помош за бегалците што ја вети. Затоа, не треба да се чудиме ако дојде до зголемување на мигрантската криза, рече Челик.

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач Омер Челик го критикуваше ставот на ЕУ во врска со 15 јули, ноќта кога Турција беше изложена на обид за воен удар и рече:

Во оваа прилика имавме можност да увидиме дека земјите членки на ЕУ не беа во солидарност со нас. Посетите на највисоко ниво почнаа дури по период од еден месец. Претставниците на ЕУ треба да бидат во посилна солидарност во Турција. Тоа јавно го изнесуваме на сите платформи, рече Челик.

Турскиот народ одлучно го отфрли обидот за воен удар и овој настан во историјата ќе биде забележан со златни букви, рече Челик и подвлече дека храброста на турскиот народ, исто како и во периодот на народноослободителната војна, ќе биде пример за отпор и за другите земји. На протестите во некои земји имавме можност да видиме дека демонстрантите носеа турски знамиња во рацете.

Во некои земји владеат расистички приоди во смисла да се суспендираат преговорите со Турција за пристапувањето во ЕУ, рече министерот Челик и додаде:

На овој вид коментари сметаме како на судир со вредностите и придобивките на Европа. Министерот Челик остро реагираше на незадоволството на холандскиот премиер Марк Руте во врска со протестите што ги одржаа Турците во Европа по обидот за воен удар.

Не е правилно на Турците во Европа да им се каже да не се интересираат за својата матична земја. Турците никаде во светот не вршат насилства. Ограничувањето на слободата на изразување на граѓаните на Европа предизвикува голема загриженост од аспект на иднината на Европа, рече Челик.



Слични вести