Обама од Турција бараше соработка во врска со исчистувањето на Рака од терористите

Безбедносните сили на Турција располагаат со доволна сила, моќ и одлучност да водат борба на овие фронтови

566667
Обама од Турција бараше соработка во врска со исчистувањето на Рака од терористите

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека американскиот претседател Барак Обама од Турција бараше соработка во врска со исчистувањето на сирискиот град Рака од терористите.

На враќање од Самитот на Г20 во Кина, претседателот Ердоган во изјавата за новинарите рече:

Рака беше едно од значајните прашања за кои разговаравме со САД, рече Ердоган и потенцираше:

На средбата донесовме одлука воените претставници на двете земји да стапат во контакт. По средбите на воените претставници ќе се утврдат можностите што се може да се направи. Турција е принудена да го покаже своето влијание во регионот. Ако фрлиме чекор назад, тогаш на овие простори ќе се стационираат терористичките организации како што се ДЕАШ, ПКК,, ПЈД, ЈПГ и други.

Слични ризици постојат и за Иран, рече претседателот Ердоган и најави дека постои можност за нова операција.

Терористичката организација ПКК се залага да оформи место н овие простори. Во Мусул и северно Тал Афар живеат Туркменци. Утре не е сигурни што ќе се случи на овие простори.

Терористичките организации ДАЕШ, ПКК, ПЈД; ЈПГ, ФЕТО отворија голем број фронтови на турската армија, потсети претседателот Ердоган и подвлече дека турската армија има повисок морал во споредба со периодот од пред 15 јули, кога Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура ФЕТО/ПДЈ се обиде де изврши воен удар.

Безбедносните сили на Турција располагаат со доволна сила, моќ и одлучност да водат борба на овие фронтови, рече претседателот Ердоган и посочи дека покрај тоа што во периодот по 15 јули беа притворени некои воени лица, армијата уште повеќе зајакна. Во најмала рака се обнови самодовербата на армијата. Операцијата Џераблус беше еден од најзначајните показатели на нашата одлучност. Тоа на најдобар начин го покажаа нашите специјални сили и другите воени единици.

Во врска со екстрадицијата на челникот на терористичката организација ФЕТО, претседателот Ердоган рече дека на средбите размениле мислења во врска со процесот.

За екстрадицијата на Ѓулен разговаравме со потпретседателот на САД Џо Бајден во рамките на неговата посета на Анкара како и со претседателот Обама во Кина.

На средбите реков дека овој човек за жал и натаму продолжува да одржува средби и дава интервјуа на парцелата од 400 хектари. Меѓу двете земји постои договор за екстрадиција на сторителите на кривични дела. Согласно 10-от член на договорот, челникот на терористичката организација треба да се држи во притвор, се додека судот не донесе одлука. Затоа или што побргу треба да ни го предадете или пак држете го во притвор., рече претседателот Ердоган.

На самитот имав можност да одржам средба и со германската канцеларка Ангела Меркел, рече Ердоган и потенцираше дека по се изгледа дека канцеларката повторно го разгледала својот став и на средбата рече дека визната либерализација постои можност да заврши до крајот на годинава.

Претседателот Ердоган остро реагираше на насловот објавен во германските медиуми дека „Ердоган ја натера Меркел да потклекне“.

Ердоган рече дека овој израз е непристоен. Ниту јас имам потреба да натерам некого да потклекне, ниту пак Меркел има потреба да потклекнува. Сите оние кои што можеа да го употребат овој израз за својата канцеларка, претставува одраз на нивното недоволно ниво и непристојност.



Слични вести