Во северот на Сирија уште 9 села исчистени од терористичката организација ДЕАШ

Слободната сириска армија (ССА) која со поддршка на коалиционите сили продолжува да напредува во северниот дел на Сирија вчера освои уште 9 села од рацете на терористичката организација ДЕАШ

565888
Во северот на Сирија уште 9 села исчистени од терористичката организација ДЕАШ

Операцијата Еуфратски штит која што ја започна Турција за водење поефикасна борба против тероризмот и поддршка на коалиционите сили во северниот дел на Сирија влезе во 14-от ден.

Слободната сириска армија (ССА) која со поддршка на коалиционите сили продолжува да напредува вчера освои уште 9 села од рацете на терористичката организација ДЕАШ.

Во текот на вчерашниот ден од операцијата Еуфратски штит беа заземени селата Карабах Мамал, Хајдар Баша, ел-Хумајран, Ум ет-Тадаја, ел-Мусанах, Џуб ел-Дам, ел-Мустафа ел-Кабир, Набраве Мазрат и Набра.  

Турските вооружени сили (ТВС) со помош на хаубици Фиртина истрелаа 99 палби врз 9 утврдени терористички цели кои беа погодени со сто процентна прецизност.

Од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега се истрелани вкупно 1698 палби врз 392 цели. 

Турските вооружени сили (ТВС) истакнаа дека се преземени сите видови мерки за да не биде причинета штета врз цивилното население кое живее во регионот.



Слични вести