Критики од Чавушоглу до ЕУ на Стратешкиот форум во Блед-Словенија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во своето излагање на 11-от Стратешки форум во Блед во Словенија упати критики против ЕУ поради нејзиниот крајно негативен приод кон Турција

566586
Критики од Чавушоглу до ЕУ на Стратешкиот форум во Блед-Словенија

Во туристичкиот град Блед на брегот на Ледничкото Бледско езеро во Словенија започна годинашниот 11-ти Стратешки форум на кој Турција ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во своето излагање што го одржа пред учесниците Чавушоглу истакна дека приодот на ЕУ кон Турција е крајно негативен.

Мевлут Чавушоглу напомена дека Турција не можеше да ја добие очекуваната поддршка од земјите на ЕУ за време на обидот за воен удар на 15 јули. 

Чавушоглу рече: „Турскиот народ го гледа овој двоен стандард. Се наоѓаме под голем притисок на јавноста за да ги прекинеме преговите со ЕУ. Исто така и терористичките организации лесно наоѓаат уточиште во земјите на ЕУ. И тоа е двоен стандард. Зошто Турција би сакала да стане членка на еден ваков нефункционален систем?“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу додаде дека се очекува и ЕУ да ги исполни своите ветувања по прашањето на визната либерализација.



Слични вести