Генералниот секретар на НАТО Столтенберг на 8 и 9 септември во посета на Турција

Оваа посета на генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг е крајно значајна особено по тоа што се реализира по операцијата Еуфратски штит која што ја започна Турција на својата граница со Сирија, на сириска територија во појасот Азез-Џераблус

566445
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг на 8 и 9 септември во посета на Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 8 и 9 ќе престојува во посета на Турција каде што во Анкара ќе се состане со претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим.

Столтенберг освен тоа ќе оствари средба и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Оваа посета на генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг е крајно значајна особено по тоа што се реализира по операцијата Еуфратски штит која што ја започна Турција на својата граница со Сирија, на сириска територија во појасот Азез-Џераблус. 

Во рамките на разговорите ќе стане збор за случувањата во Сирија и барањето на Турција за формирање зона на забранети летови на северот на оваа земја.

Пристигнуваат информации дека НАТО донесе одлука за префрлување на своите воени единици од Балтикот во Турција за поддршка на борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Како што се вели воените единици од кои една третина се германски војници ќе бидат задолжени за контрола на воздушниот простор над Сирија.

Освен тоа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на својата посета ќе размени мислења и во врска со прашања посветени на Блискиот исток на чело со Ирак и на Северна Африка. 



Слични вести