ДЕАШ изврши напад врз два турски тенка: Животот го загубија тројца војници

Во реализиран напад од страна на терористичката организација ДЕАШ врз два тенка на Турските вооружени сили (ТВС) во областа Вукуф во северниот дел на Сирија животот го загубија тројца војници, а четворица војници се ранети

566599
ДЕАШ изврши напад врз два турски тенка: Животот го загубија тројца војници

На 14-от ден од операцијата Еуфратски штит во вооружените судири во областа Вукуф беше реализиран напад со водени ракети од типот ТАС врз два тенка на Турските вооружени сили (ТВС).

Во нападот животот го загубија тројца војници, а четворица војници се ранети.

Генералштабот соопшти дека во областа на операцијата 50 утврдени цели на терористите беа погодени со сто процентна прецизност со 225 истрели од хаубици од типот Фиртина.

Од почетокот на операцијата Еуфратски штит која започна на 24 август досега се истрелани вкупно 1.924 истрели врз 44 цели.

Во пладневните часови околу 12:30 часот според турско време со воени авиони во сопственост на коалиционите воздушни сили беа погодени однапред утврдени цели на терористичката организација ДЕАШ во областа Барагидах.

Освен тоа денеска од страна на Слободната сириска армија (ССА) поддржана од коалиционите сили беа заземени селата Вукуф и Садви. 



Слични вести