Во операциите кај Чукурџа-Хаќќари неутрализирани 157 терористи на ПКК

Премиерот Бинали Јилдирим ги посети воените единици во Чукурџа во округот Хаќќари и притоа истакна дека борбата против тероризмот веќе нема да биде одбранбена туку офанзивна

565715
Во операциите кај Чукурџа-Хаќќари неутрализирани 157 терористи на ПКК

Во последните реализирани операции во руралните подрачја на населеното место Чукурџа во округот Хаќќари досега се неутрализирани 157 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Турските вооружени сили се истакнува дека во рамките на операциите на воените авиони во руралните подрачја на Чукурџа како последно се погодени со сто процентна прецизност уште 4 претходно утврдени терористички цели. 

Во меѓувреме премиерот Бинали Јилдирим ги посети воените единици во населеното место Чукурџа во округот Хаќќари и притоа истакна дека борбата против тероризмот веќе нема да биде одбранбена туку офанзивна со реализирање на напади против терористите во нивните засолништа.

Алудирајќи на обидот за воен удар на 15 јули премиерот Јилдирим напомена дека Турција од тој датум влезе во еден нов метод и нова патна карта во борбата против тероризмот.  

Премиерот Бинали Јилдирим стави акцент на тоа дека отсега во борбата против тероризмот нема да се биде одбранбена туку офанзивна и подвлече дека терористите ќе бидат неутрализирани онаму каде што се наоѓаат, во нивните засолништа.



Слични вести