Терористичката организација ДЕАШ целосно исфрлена од турско-сириската граница

Слободната сириска армија (ССА) со поддршка на Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операцијата Еуфратски штит целосно ја исфрли терористичката организација ДЕАШ од турско-сириската граница и ја соедини линијата Азез-Џераблус

565134
Терористичката организација ДЕАШ целосно исфрлена од турско-сириската граница

Терористичката организација ДЕАШ целосно исфрлена од  турско-сириската граница...

Слободната сириска армија (ССА) која со поддршка на Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операцијата Еуфратски штит продолжува да напредува против терористичката организација ДЕАШ целосно ја исфрли оваа терористичка организација од турско-сириската граница и ја соедини линијата Азез-Џераблус.

На тој начин на турско-сириската граница е формиран појас исчистен од од елементите на терористичката организација ДЕАШ.

Вчера 12-от ден од операцијата Еуфратски штит од рацете на терористичката организација ДЕАШ беа спасени приближно 600 километри квадратни.

Операцијата Еуфратски штит која што беше започнета на 24 август под водство на Заедничките сили за специјална задача на Турските вооружени сили (ТВС) ја постигна едната од поставените цели.

Во втората фаза од операцијата која беше започнета од областа Џераблус во северниот дел на Сирија завчера Турските вооружени сили (ТВС) од населеното место Елбејли кај градот Килис влегоа во Чобанбеј.

Новиот фронт беше поддржан од воздух и од страна на воени авиони на Турските воздушни сили.

Врз позициите на терористичката организација ДЕАШ во Минтакат, Кандурах и Вукуфта во југозападниот дел на Џераблус беше реализарана воздушна операција и со американски воени авиони од типот А10.

Во областа Ел Кади беа уништени 3, а во областа Вукуф една терористичка позиција на ДЕАШ.

Сириските опозицонери ги зазедоа од рацете на терористичката организација ДЕАШ селата Тувејран, Халилије, Баб Лемон, Хаџ Вели и Оќузолдурен во областа Чобанбеј.

Генералштабот соопшти дека од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега беа истрелани вкупно 1.599 палби врз 383 терористички цели.

Артилериските единици распоредени на турско-сириската граница им обезбедија заштита на воените единици кои ја продолжуваат операцијата внатре на сириска територија.

За 12 дена беа погодени вкупно 20 цели на ДЕАШ врз кои беа истрелани 52 палби од хаубици од типот Фиртина и 20 палби од повеќецевни ракетни системи.

Освен тоа беа уништени и поставени 11 мини и 325 експлозивни уреди од рачна изработка.

На тој начин на 12-от ден од операцијата Еуфратски штит која почна да се реализира на 24 август беше постигната и поставената цел.

Единиците на Слободната сириска армија (ССА) со поддршка на Турските вооружени сили (ТВС) на линијата Азез-Џераблус на турско-сириската граница формираа појас исчистен од терористичката организација ДЕАШ.

Безбедносниот појас во длабочина од 3 до 5 километри од границата со Турција во внатрешноста на Сирија го прекина и директниот физички контакт на терористичката организација ДЕАШ со границата на Турција.

Војниците на Слободната сириска армија победата ја прославија со пукање во воздух.



Слични вести