Големата загуба и паниката на ПКК се одрази на разговорите преку токи-воки

Меѓусебните навредливи зборови и обвинувања на челниците на терористичката организација ја покажува деморализацијата меѓу приврзаниците на организацијата

564858
Големата загуба и паниката на ПКК се одрази на разговорите преку токи-воки

Во соопштението на Турските вооружени сили беше истакнато дека во операцијата против терористичката организација ПКК во Чукурџа биле уништени над 100 терористи.

Во операциите кои беа извршени со поддршка на воздушните сили, терористичката организација ПКК за само еден ден доживеа најголема загуба во последните неколку години.

Големата загуба и паниката што ја доживеаја терористите на ПКК во рамките на операциите на единиците на Командата на 1-та бригада на командоси со поддршка на Турските воздушни сили во Чукурџа кај Хакќари, се одрази на разговорите преку токи-воки апарати.

Во последните разговори на челниците на терористичката организација можат да се слушнат информациите за големите загуби и истакнуваат дека загинале над 100 приврзаници и имаат голем број повредени кои ги пренеле во камповите на северот на Ирак, дека здравствената состојба на поголемиот број од повредените била тешка, немале можност да ги хоспитализираат повредените, поради што стравуваат од пораст на бројот на мртвите.

Разговорите преку токи-воки апаратите ја одразуваат големата паника која владее во терористичката организација.

Меѓусебните навредливи зборови и обвинувања на челниците на терористичката организација ја покажува деморализацијата меѓу приврзаниците на организацијата.

Со последните операции беше нанесена најголема загуба за само еден ден на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести