Започна втората етапа на операцијата Еуфратски штит

Слободната сириска армија отвори нов фронт во Чобанбеј кај Алепо

564621
Започна втората етапа на операцијата Еуфратски штит

Еден вод оклопни возила на Турските вооружени сили со цел да даде поддршка на борбата на Сириската слободна армија во борбата против терористичката организација ДЕАШ влезе во Чобанбеј.

Турските вооружени сили за време на преминот низ Елбејли кај Килис ги презедоа сите потребни мерки за да не дојде до оштетувње на цивилите.

Во меѓувреме, во рамките на операцијата Еуфратски штит насочена против терористичките цели на северот на Сирија, Слободната сириска армија отвори нов фронт во Чобанбеј кај Алепо.

Силите на опозицијата кои претходно го ослободија Чобанбеј од терористичката организација ДЕАШ, местото го користеа како база и од тука започнаа операција против терористичките цели на исток и југ.

Во рамките на операцијата Еуфратски штит која ја започнаа Турските вооружени сили на 24 август со цел да се исчистат сириските територии од терористичката закана и да се поддржат коалиционите сили, Силите на Слободната сириска армија освен Џераблус, ја презедоа контролата над Чобанбеј и соседните населени места и села по должината на границата со Турција.

Силите на опозицијата го исчистија просторот од Џераблус на западната страна на Еуфрат, се до Суџу Чаји на јужната страна од терористичката организација ДЕАШ и ПКК/ПЈД.

Акцијата на силите на Сириската слободна армија во Чобанбеј беше оценета како нова етапа во операцијата Еуфратски штит и се очекува да го исчистат линијата Азез – Џераблус од терористите.

Уште од првиот ден на операцијата, беа утврдени 271 цели кои беа уништени со хаубиците Фиртина на Турските вооружени сили.

Од денот кога започна операцијата на 24 август до денес на северната страна на Сирија беа извршени 195 бомбардирања на 271 цел.

Во меѓувреме, турските борбени авиони во уништувањето на 41 цел обезбедија воздушна поддршка со 51 лет.

На крајот на операцијата на Слободната сириска армија која беше поддржана и од страна на Коалиционите сили, подрачјето Кундуријах беше исчистено од терористите.

Авионите на коалиционите сили во подрачјето Тилалајн уништија две позиции на ДЕАШ кои се подготвуваа да извршат напади.



Слични вести