Стапи на сила договорот за нуклерна соработка меѓу Турција и Кина

Со договорот се предвидува изградба и дизајнот на нуклеарните централи меѓу двете земји, вадењето и експлоатацијата на нуклеарните минерали од рудниците

564579
Стапи на сила договорот за нуклерна соработка меѓу Турција и Кина

Договорот за нуклеарна соработка во мировни цели меѓу Турција и Кина со објавувањето во Службениот весник стапи на сила.

Договорот за нуклеарна соработка кој беше потпишан меѓу Кина и Турција во 2012 година, беше одобрен од страна на Владата. Со договорот се предвидува изградба и дизајнот на нуклеарните централи меѓу двете земји, вадењето и експлоатацијата на нуклеарните минерали од рудниците.

Големо внимание привлече фактот дека Договорот стапи на сила за време на посетата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Кина каде што учествува и на самитот на Г20.



Слични вести