Г20 треба да се фокусираат за намалување на стапката на невработеност и сиромаштијата

Вработувањето на жените и младите, мигрантската криза која предизвикува глобална закана и борбата против тероризмот, најзначајни теми на Самитот

564452
Г20 треба да се фокусираат за намалување на стапката на невработеност и сиромаштијата
cumhurbaşkanı çin tv1.jpg

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Г20 своите можности треба да ги фокусираат за намалување на стапката на невработеност и сиромаштијата во светот.

Претседателот Ердоган во рамките на учеството на Самитот на Г20 во кинескиот град Хангџоу, даде интервју за кинеската телевизија.

Ердоган потсети дека на претходниот состанок на Г20 во Турција, привременото претседателствување со Г20 беше дадено на Кина. Претходниот состанок во Анталија помина доста успешно, рече претседателот Ердоган и изрази верба и надеж дека овој состанок во Кина ќе има голем допринес во развојот на организацијата.

Претседателот Ердоган се осврна и на агендата на шефовите на државите и претседателите кои ќе учествуваат на Самитот на Г20.

Ердоган во оваа прилика се осврна на двете прашања на кои придава посебно значење нагласувајќи дека на разговорите ќе бидат изнесени темите како што се вработувањето на жените и младите, мигрантската криза која предизвикува глобална закана и борбата против тероризмот.



Слични вести