Турција нема да изврши никакви промени во законот за борба против тероризмот

Борбата против терористичките организации како што се ПКК, ПЈД, ДАЕШ и ЈПГ и другите се води и за безбедноста на Европа, а не само на турскиот народ

563735
Турција  нема да изврши никакви промени во законот за борба против тероризмот

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека во период кога Турција продолжува да води борба против тероризмот, нема да извршиме никакви промени во законот за борба против тероризмот.

Премиерот Јилдирим на заедничката прес конференција со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц кој престојува во посета на Анкара, одговараше на прашањата на новинарите.

Јилдирим потсети дека Турција продолжува да води борба против тероризмот и дека ставот на владата во однос на прашањето е јасен.

Земајќи ги во обир денешните услови, не можеме да направиме никакви подобрувања во законот за борба против тероризмот, рече премиерот Јилдирим. Тоа е наше егзистенцијално прашање, безбедносно прашање, ако го оставиме настрана ова прашање, тогаш нема пречки за решавање на другите прашања.

Турција води беспоштедна борба против сите видови на тероризмот. Борбата против терористичките организации како што се ПКК, ПЈД, ДАЕШ и ЈПГ и другите се води и за безбедноста на Европа, а не само на турскиот народ, подвлече премиерот Јилдирим.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц рече дека визната либерализација за турските граѓани е едно друго прашање околу кое имаме различни погледи, изнесувајќи го предлогот за промени во законот за борба против тероризмот.



Слични вести