Турција нема да дозволи да се формира терористички коридор на јужната граница на земјата

Поразувањето на ДАИШ во Џераблус како да предизвика разочарување кај одредени средини

563656
Турција нема да дозволи да се формира терористички коридор на јужната граница на земјата

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција нема да дозволи да се формира терористички коридор на јужната граница на земјата.

Пред да замине за Кина каде што ќе учествува на Самитот на Г-20, претседателот Ердоган одржа прес конференција.

Ердоган уште еднаш јасно рече дека Турција нема да дозволи да се остварат плановите појужната граница на земјата.

Изјавите на некои западни средини во последните денови навистина предизвикуваат чудење, рече претседателот Ердоган и потенцираше дека поразувањето на ДАИШво Џераблус како да предизвика разочарување кај одредени средини. Навистина е несфатливо. Турција како држава заедно со армијата ја стави раката под камен за заштита на безбедноста на цивилите во земјата и регионот.

Ние немаме намера да се стационираме во Џераблус како што тоа мислат да го направат некои терористички организации, рече Ердоган и потенцираше дека најголем показател за тоа претставува среќата на народот во областа.

Во врска со изјавите дека терористите преминале на источната страна на Еуфрат, претседателот Ердоган рече дека тоа може да го утврди Турција.

Суштинската намера на напорите на Европските земји не е целосно гасење на огнот во регионот, туку само обид чадот да не пристигне до нив, рече претседателот Ердоган.



Слични вести