Нема никакви отстапки во спроведувањето на внатрешната безбедност

Во недела во Дијабакир ќе заминеме со инвестиционен пакет во износ од 1 милијарда 400 милиони турски лири

564111
Нема никакви отстапки во спроведувањето на внатрешната безбедност

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека нема да се направат никакви отстапки во спроведувањето на внатрешната безбедност.

Нема веќе преговори за изнаоѓање мировно решение на конфликтот. Решението е кај граѓаните. Таа прилика ја испуштија. Ќе ги спасиме граѓаните од неволјата на терористичката организација.

Поминаа 100 дена од формирањето на Владата.

По повод 100-те дена од формирањето на Владата, премиерот Јилдирим заедно со министрите одржа прес конференција во дворецот Чанкаја.

Премиерот Јилдирим во оваа прилика објави радосна вест за граѓаните во Источна и Југоисточна Анадолија.

Јилидирим рече дека во рамките на претстојната посета на Дијабакир во недела ќе заминат со инвестиционен пакет во износ од 1 милијарда 400 милиони турски лири.

Турција не направи отстапки ниту во забраната на илегалните миграции, рече премиерот Јилдирим и потенцираше дека дури ноќта на 5 јули, кога беше извршен обид за воен удар, крајбрежната стража спаси над 2 илјади бегалци.

Премиерот Јилдирим меѓудругото подвлече дека започнаа иницијатива за нормализирање на односите со Египет и Сирија.



Слични вести