Турција секогаш е чекор понапред од сите во поддршката за изнаоѓање мировно решение

Особено во овој критичен период Кипарското прашање е прашање кое налага неминовна потреба од поактивна меѓусебна соработка

563166
Турција секогаш е чекор понапред од сите во поддршката за изнаоѓање мировно решение

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека Турција секогаш е чекор понапред од сите во поддршката за изнаоѓање мировно решение на преговорите за Кипарското прашање.

Во рамките на официјалната посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), министерот Чавушоглу беше примен од страна на претседателот Мустафа Акинџи.

По приемот од страна на претседателот Акинџи и средбата меѓу делегациите, беше одржана прес конференција.

Министерот Чавушоглу во врска со преговорите рече дека Турција ќе продолжи со поддршката на ТРСК и во овој чувствителен период низ кој поминуваме. Затоа сакаме напорите што побргу да вродат со конкретен резултат.

Претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи рече дека преговорите напредуваат доста поволно и дека не се откажале од целта 2016 година да биде година за изнаоѓање решение на Кипарското прашање.

Турција пружа голема поддршка на напорите за изнаоѓање мировно решение на прашањето за што се сведоци.

Министерот Чавушоглу во рамките на посетата ТРСК беше примен и од страна на премиерот Хусејин Озѓурѓун.

Во говорот во оваа прилика министерот Чавушоглу потсети дека премиерот Озѓурѓун учествуваше на митингот за демократија и хероите во Јеникапи во Истанбул и потенцираше дека вашата поддршка на турската демократија и турскиот народ, солидарноста што ја покажавте, предизвика големо задоволство во Турција.

Чекорите што ги фрли Владата на ТРСК во борбата против Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) исто така предизвикаа големо задоволство во земјата, рече Чавушоглу и подвлече:

Ова беше извонредна прилика на светот да му ја покажеме нашата меѓусебна солидарност како и во сите сфери така и во борбата против терористичките напади.

Турција активно ги следи успешните активности и работата на Владата на ТРСК и вложуваме големи напори за пружање секаков вид поддршка на братските кипарски Турци, рече министерот Чавушоглу и потенцираше дека во рамките на посетата имал можност да увиди дека премиерот Озѓурѓун, министерот за надворешни работи Тахсин Ертугрул и претседателот Мустафа Акинџи имале можност да ја доловат поволната атмосфера на преговорите.

Турција ќе продолжи со поддршката и ќе направи се што е во нејзина можност за изнаоѓање праведно и трајно мировно решение на Кипарското прашање, рече министерот Чавушоглу.

Премиерот на ТРСК Хусејин Озѓурѓун рече дека ние и матичната земја Турција сме две држави еден народ. Во врска со чекорите што ги презеде владата на ТРСК, премиерот Озѓурѓун потенцираше дека ФЕТО е вброена на листата на терористички организации на ТРСК.

ТРСК нема да дозволи никаква толеранција на сите неповолни случувања во матичната земја Турција, рече Озѓурѓун и подвлече дека свесни сме дека силата на Турција на сите нивоа подразбира дека и нашата сила се наоѓа на високо ниво.

Во врака со Кипарското прашање Хусејин Озѓурѓун подвлече на значењето и потребата од поактивна и продолжување на соработкате меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји особено во овој критичен период.

Кипарското прашање е прашање кое се одолговлечува со години. Затоа особено во овој критичен период е прашање кое налага неминовна потреба од поактивна меѓусебна соработка, рече Озѓурѓун.



Слични вести