Продолжуваат операциите против терористичката ПКК

Во рамките на операциите кои продолжуваат во руралното подрачје Чукурџа кај Хакќари, беше извршена воздушна операција

563516
Продолжуваат операциите против терористичката ПКК

Во судирот во планинското подрачје Тендурек во Чалдиран кај Ван, во рамките на операцијата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК загинаа еден десетар и еден селски чувар, а тројца војници беа повредени.

Продолжува операцијата во подрачјето во кое беа испратени голем број оклопни возила и која се поддржува од воздух.

Во меѓувреме, во месноста Пераври кај Сиирт, во огнот што беше отворен од страна на терористите во рамките на операцијата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК загина еден војник, а еден војник беше повреден.

По првата медицинска интервенција, повредениот војник со хеликоптер беше префрлен во државната болница на Сиирт.

Продолжуваат операциите против терористите во областа.

Од друга страна пак, во соопштението кое беше објавено од страна на Генералштабот, во рамките на операциите кои продолжуваат во руралното подрачје Чукурџа кај Хакќари, беше извршена воздушна операција од страна на турските авиони.

Во операцијата загинаа 3 терористи, а беа уништени една минофрлачка батерија и една батерија на пртивавионски топови.

Во судирите со безбедносните сили во Ширнак загинаа 2 терористи.

Зaедно со терористите беа запленети една пешадиска пушка од типот М-16 и една снајперска пушка.



Слични вести