На 15 јули не беше издадена никаква наредба да се убијат, туку да се фатат пучистите

Една од државните установи која го помина тестот на 15 јули беше правосудството

563244
На 15 јули не беше издадена никаква наредба да се убијат, туку да се фатат пучистите

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека на ноќта на 15 јули, за сите оние кои беа вмешани во обидот за воен удар не била издадена наредба да се убијат, туку да се фатат.

Еј свете, со кои очи гледате на нас? Додека ни ги фаќаме сторителите и ги предаваме на правдата, вие изнесувате загриженост од случувањата. Зарем тоа не е непристојност? Зарем тоа не е непристојност кон народот?, рече претседателот Ердоган.

Во говорот на свеченото отворање на судиската година во претседателскиот дворец, претседателот Ердоган рече наспроти 241 шехид кои загинаа таа ноќ, од пучистите загинаа само 30 лица. Само овој податок претставува јасен доказ дека таа ноќ не беше издадена наредба да се убијат сите пучисти.

Јасс се гордеам со турскиот народ кој ноќта на 15 јули напиша еп, рече претседателот Ердоган и подвлече:

Турскиот народ навистина е голем и благороден народ. Не знам дали во светот постои некој друг народ кој ќе собере храброст да излезе против најсовременото оружје за својата иднина.

Една од државните установи која го помина тестот на 15 јули беше правосудството, рече претседателот Ердоган и потенцираше дека судиите, јавните обвинители и адвокатите треба многу да работат правдата да го најде своето место.

Претседателот на Врховниот суд Исмаил Рушту Џирит во говорот на свеченото отворање на судиската година рече дека на приврзаниците на Фетулахистичката терористичка организација кои учествуваа во обидот за воен удар ќе им се суди пред независни судови и на праведен начин.



Слични вести