Уништени терористите кои исфрлија ракета врз турскиот тенк

Повредените турски војници беа донесени во Турција на хоспитализација

562212
Уништени терористите кои исфрлија ракета врз турскиот тенк

Во ракетниот напад на еден тенк во рамките на операцијата „Еуфратски штит“ што продолжува во Џераблус во Сирија беа повредени 3 војници, а терористите беа уништени.

Во соопштението на Турските вооружени сили беше истакнато дека возилото на терористите од кое беше исфрлена ракетата западно од Џераблус беше уништено заедно со терористите.

Повредените турски војници беа донесени во Турција на хоспитализација.

Турските вооружени сили соопштија дека продолжува операцијата Еуфратски штит која се остварува согласно меѓународното право.



Слични вести