Турските вооружени сили продолжуваат со борбата против тероризмот

Во две воздушни операции во текот на денот, беа уништени 6 цели на сепаратистичко-терористичката организација

562765
Турските вооружени сили продолжуваат со борбата против тероризмот

По информациите кои ги добија Турските вооружени сили за терористичката раздвиженост во руралното подрачје на Чукурџа кај Хакќари, борбените авиони извршија два воздушни напади.

Во рамките на двете воздушни операции во текот на денот, беа уништени 6 цели на сепаратистичко-терористичката организација.

Борбените авиони по успешната операција се вратија во базата.

Според безбедносни извори, во судирите кои продолжуваат на позициите во Узундере и Чаглајан кај Чукурџа, загина еден терорист, а беше запленето едно оружје од типот тежок митралез ДШК.



Слични вести