Целта на терористичка ФЕТО не беше само Турција, туку освојување на целиот свет

Сите оние кои што продолжуваат да остануваат во редовите на оваа терористичка организација се предавници

562286
Целта на терористичка ФЕТО не беше само Турција, туку освојување на целиот свет
erdoğan, şehit yakınları ve gazilerle.jpg
cumhurbaşkanı recep tayyip erdoğan, şehit yakınları ve gazilerle.jpg
erdoğan, şehit yakınları ve gazilerle.jpg
cumhurbaşkanı recep tayyip erdoğan, şehit yakınları ve gazilerle.jpg
cumhurbaşkanı erdoğan, şehit yakınları ve gazilerle.jpg

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека целта на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО не беше само Турција, туку освојување на целиот свет.

Ердоган во претседателскиот дворецот Бештепе ги прими блиските и роднините на хероите и воените ветерани.

Во говорот во оваа прилика претседателот Ердоган се осврна на борбата против терористичката организација ФЕТО и рече:

Сите оние кои што продолжуваат да остануваат во редовите на оваа терористичка организација се предавници.

Ердоган ги предупреди граѓаните да бидат повнимателни и ги повика да ги пријават приврзаниците на терористичката ФЕТО кои се инфилтрирале во државните установи.

Многу добро знаеме од каде потекнува силата на терористичките организации, подвлече претседателот Ердоган и без да го спомене, го предупреди Запад.

Неизбежно е дека огнот кој што денес не зафати нас, во иднина ќе ве зафати и вас. Истиот тој оган ќе ве изгори и вас. Борбата против сите терористички организации ја продолживме и продолжуваме принципиелно, рече Ердоган.

На средбата со блиските на загинатите херои и воените ветерани беше доживеано и едно пријатно изненадување.

Во претседателскиот дворец беше остварен контакт со Џераблус.

Тенковскиот капетан Ефе Тразбон кој се наоѓа на задача во операцијата Еуфратски штит во Џераблус на средбата во претседателскиот дворец учествуваше преку видео конференција и рече:

Нашите единици се стационирани во базата формирана вон границите. Нашите граѓани нека бидат спокојни. Имаме се, немаме никакви недостатоци.

Претседателот Ердоган на средбата рече дека во дворецот се заедно со блиските на хероите и воените ветерани. Чувствувам голема гордост од информациите што ги добивам. Со гордост ја следиме борбата што ја водите како на границата така и во Џераблус. Аллах нека ви е на помош, рече Ердоган.



Слични вести