Проблемот на Турција е тероризмот

Турција има проблем со сепаратистичко-терористичката организација ПКК

562675
Проблемот на Турција е тероризмот

Ибрахим Калин, портпаролот на кабинетот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција нема никакви проблеми со Курдите како на своите територии така и во другите земји.

Проблемот на Турција е тероризмот. Турција има проблем со сепаратистичко-терористичката организација ПКК, рече Калин.

По прес конференцијата што ја одржа во претседателскиот дворец, портпаролот Калин одговараше на прашањата на новинарите.

Неприфатливо е операцијата „Еуфарстки штит“ која трае скоро една недела во Џераблус во Сирија да се прикаже како да се реализира против Курдите во Сирија. Турција остро го осудува овие иницијативи, рече Калин.

ПЈД/ЈПГ продолжението на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Сирија под изговор дека води борба против терористичката организација ДЕАШ, се обидува да предизвика де факто ситуација, рече Калин и потенцираше дека сето она што не можеше да го направи во Иран, има за цел да го оствари во Сирија со формирање кантон.

Евентуалното формирање кантон во Сирија од страна на ПКК ќе предизвика закана за територијалниот суверенитет и интегритет на Сирија, рече Калин и додаде: формирањето на оваа формација ќе го разгори етничката и секташка дискриминација а исто така и САД на Турција и даде гаранција дека овие субјекти ќе се повлечат источно од Еуфрат.

Освен тоа, не само нивното повлекување, неприфатливо е нивното напредување кон границата со Џераблус, рече Калин.

Интензивните судири во Алепо и околината исто така предизвикуваат голема загриженост и во Турција, рече портпаролот Калин и подвлече дека лично претседателот Реџеп Тајип Ердоган презеде иницијатива за воспоставување примирје во Алепо.

Турција е клучната земја која може да обезбеди да се воспостави безбедноста во регионот, подвлече Калин.



Слични вести