Исмаил Кахраман ги информираше европските колеги за обидот за воен удар на ФЕТО/ПДЈ на 15 јули

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Исмаил Кахраман престојува во псоета на Полска

562431
Исмаил Кахраман ги информираше европските колеги за обидот за воен удар на ФЕТО/ПДЈ на 15 јули
tbmm başkanı kahraman, polonya'da.jpg
tbmm başkanı kahraman, polonya.jpg
tbmm başkanı ismail kahraman, polonya'da.jpg

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Исмаил Кахраман, ги информираше европските колеги за обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) на 15 јули.

Кахраман во Полска учествува на состанокот на претседателите на собранијата на  земјите од Централна и Источна Европа и во тие рамки започна со средбите.

Исмаил Кахраман најпрвин се состана со претседателот на собранието на Полска, Марек Кухчињски.

Средбата меѓу делегациите беше остварена во зградата на Собранието на Полска.

Нешто потоа, претседателот на Собранието Кахраман учествуваше на приемот на Амбасадата на РТ во Варшава кој беше приреден по повод 30 август, Денот на победата.

Кахраман во говорот во оваа прилика најпрвин им го честиташе празникот на победата 30 август на народот и рече дека ја поддржува целта на Турција за пристапување во ЕУ.

Во освртот на обидот за воен удар на 15 јули, Кахраман на европските колеги им рече:

На 15 јули доживеавме еден црн ден. Тој ден, целиот народ и државата со својата силна економска и политичка структура се сплотивме и во рок од 20 часа целиот живот се врати во нормала. Турција со сигурни чекори напредува кон иднината.

Кахраман подвлече на значењето на меморијата на народот и рече:

На ѕидот на зградата на Собранието на Полска видов една плоча која завршува со еден интересен збор кој многу ми се допадна. Нацијата која ја изгубила меморијата, ја изгубила совеста. Извонредна изрека. Секогаш ќе ја освежуваме меморијата. На тој начин со сигурност ќе напредуваме кон иднината и посилно ќе пристигнеме до иднината.

По приемот во амбасадата, претседателот на Собранието Кахраман учествуваше на свечената вечера која беше приредена во негова чест.



Слични вести