Продолжуваат воените операции на Турските вооружени сили во Ирак и во Сирија

Вчера попладне по 16.30 часот биле уништени 21 цел на терористите во околината на Џераблус во Сирија.

561841
Продолжуваат воените операции на Турските вооружени сили  во Ирак и во Сирија

Продолжуваат воените операции на Турските вооружени сили во северните предели на Сирија и на Ирак.

Турски Генералштаб  соопшти дека во рамките на воената операција „Штитот на Еуфрат“ која се реализира во соработка со силите на коалицијата во Сирија и Слободната сириска армија, вчера попладне по 16.30 часот биле уништени 21 цел на терористите во околината на Џераблус во Сирија. Турските вооружени сили истрелале точно 108 проектили Фиртина.

Во меѓувреме 4 турски воени авиони бомбардирале и уништиле цели на терористичката организација ПКК во Авашин-Басјан во северот на Ирак.



Слични вести