30 август Празник на победата и ден на вооружените сили

30 август во Турција секоја година се слави како празник на победата и ден на вооружените сили

561697
30 август Празник на победата и ден на вооружените сили

Празникот се слави во знак на сеќавање на големата победа на турските војски во битките познати како Големата офанзива кои траеја од 26 август 1922 до 30 август истата година во околината на месноста Думлупинар. И покрај тоа што требаше да поминат неколку дена за окупаторските сили целосно да ја напуштат Анадолија 30 август симболично се слави како ден кога беа ослободени турските територии.

Оваа славна победа на турските војски го отвори патот кон формирање на независна Република Турција.

Секоја година на 30 август се слави празникот на големата победа на јуначката турска армија, гарантот на независноста на републиката, празник кога со голема гордост и благодарност во срцата се потсетуваме на хероите кои го положија животот за оваа прекрасна земја.



Слични вести