Делегација на Турската црвена полумесечина во посета на Ердоган

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими Керем Киник претседател на Турската црвена полумесечина и делегацијата во негова придружба.

560614
Делегација на Турската црвена полумесечина во посета на Ердоган

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими Керем Киник претседател на Турската црвена полумесечина и делегацијата во негова придружба.

Разговорот се одржа зад затворени врати,а претседателот Киник после разговорот со претседателот Ердоган изјави за новинарите дека накратко го известил претседателот Ердоган за помошта која Турската црвена полумесечина ја испраќа за Џераблус во Сирија.

По повод претстојниот празник Курбан Бајрам,претседателот Ердоган и неговото семејство полномоштвото за колење на курбан му го отстапиле на Турската црвена полумесечина, така да сите курбани од семејството на претседателот Ердоган за Курбан Бајрам преку Турската црвена полумесечина ќе бидат испратени за населението на Џераблус во Сирија.Секако нема да бидат заборавени ниту граѓаните на Алепо, на тукрменските планини во Сирија кои што се борат со поплавите но и граѓаните во Скопје Македонија, Сомалија, Палестина и Газа кои исто така доживуваат тешки денови.

Киник додаде дека продолжува хуманитарната мисија на Турската црвена полумесечина во Џераблус и дека претседателот Ердоган издал неколку инструкции до Киник во врска со воспоставување на хуманитарен коридор долж турско-сириската граница.

Мобилната кујна на Турската црвена полумесечина во Џераблус дневно подготвува околу 5000 оброци за доручок, ручок и за вечера во последните три дена за населението кое што се враќа во своите напуштени домови.

Го известивме претседателот Ердоган и за испраќањето на втор хуманитарен брод за жителите на Газа за Курбан Бајрам и за начините како ќе биде раздадена помошта од храна, облека, училиштен прибор и други потребни материјали.Наскоро исто така за Курбан Бајрам ќе бидат испратени и два хуманитарни брода за населението на Сомалија и Етиопија,додаде Киник.



Слични вести