Вториот хуманитарен брод за Газа на Курбан Бајрам

Турската Црвена полумесечина се подготвува за Курбан Бајрам да испрати хуманитарен брод за Газа

557642
Вториот хуманитарен брод за Газа на Курбан Бајрам

Турската Црвена полумесечина се подготвува за Курбан Бајрам да испрати хуманитарен брод за Газа кој ќе им однесе храна, лекови, бебешки пелени, средства за хигиена, училишни чанти и училишен прибор за жителите на окупирана Газа.

Бродот ќе отплови од пристаништето во Мерсин.

Како што по тој повод изјави претседателот на Турската Црвена полумесечина Керем Киник хуманитарната помош ќе се состои од 10 тони и истата ќе пристигне за Курбан Бајрам за да ги израдува Палестинците во Газа.

Турската Црвена полумесечина планира секои два до три месеци да испраќа по еден хуманитарен брод за Газа, додаде Киник.



Слични вести