Терористичка ФЕТО е тајна злосторничка мрежа која дејствува низ целиот свет

ФЕТО со посредство на различни здруженија и училишта се инфилтрира дури и во Индија

557477
Терористичка ФЕТО е тајна злосторничка мрежа која дејствува низ целиот свет

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО е тајна злосторничка мрежа која дејствува низ целиот свет и дека за тоа разговарале на средбите во рамките на посетата на Индија.

Во интервјуто за индиската новинска агенција ПТИ во рамките на посетата на Индија која ја оствари на 19 август, министерот Чавушоглу изрази благодарност на индискиот министер за надворешни работи Сушма Свараж за индиската поддршка на Турција по обидот за воен удар.

За жал терористичката ФЕТО со посредство на различни здруженија и училишта се инфилтрира дури и во Индија, рече министерот Чавушоглу и потенцираше дека ФЕТО е тајна злосторничка мрежа која дејествува низ целиот свет. Затоа преземаме иницијативи за окончување на активностите на оваа терористичка организација и за прашањето разговаравме на средбите со индиските претставници.

Сите видови тероризам претставуваат опасност и закана за демократиите, рече министерот Чавушоглу потенцирајќи дека размената на информациите како и билатералната и мултилатерална соработка и солидарност во борбата против тероризмот има многу големо значење. Турција и Индија на средбите се фокусираа токму на потребата за меѓусебна соработка.

Чавушоглу на разговорите ја изрази загриженоста од ситуацијата во Сирија и рече дека конфликтот во Сирија негативно се одразува врз динамиките на земјата.

Меѓународната заедница треба заедно да соработува во врска со политичките промени во Сирија за кои се чувствува неминовна потреба, а со цел да се спроведат овие промени. Тоа нема да биде само предуслов за окончување на конфликтот, туку истовремено и неминовност во борбата против тероризмот, рече Чавушоглу.

Во освртот на економските односи меѓу Турција и Индија, министерот Чавушоглу рече дека извештајот што беше подготвен во врска со Договорот за сеопфатна економска соработка меѓу двете земји, од февруари 2011 година чека одобрување од индиските власти. Во случај да се потпише договорот, тогаш ќе дојде до зајакнување на меѓусебните односи, рече министерот Чавушоглу.



Слични вести