Литванија уште првиот ден го изнесе својот став против гнасниот обид за воен удар на ФЕТО

Посетата на министерот Линкевициус има големо значење од аспект на тоа дека е прва на министерско ниво од страна на една земја членка на ЕУ

557501
Литванија уште првиот ден го изнесе својот став против гнасниот обид за воен удар на ФЕТО

Премиерот Бинали Јилдирим изрази почит кон отворениот став на Литванија против гнасниот обид за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) во Турција што го изнесе уште првиот ден.

Премиерот Јилдирим во дворецот Чанкаја го прими министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевициус кој престјува во посета на Анкара. 

Јилдирим рече дека посетата на министерот Линкевициус има големо значење од аспект на тоа дека е прва на министерско ниво од страна на една земја членка на ЕУ по обидот за воен удар. Борбата против приврзаниците на тенористичката ФЕТО и сите оние кои што беа вмешани во обидот за воен удар ќе продолжи одлучно и согласно начелата на демократската правна држава, рече премиерот Јилдирим.

Турција е спремна за унапредување и развој на односите со Литванија во сите сфери, рече пермиерот Јилдирим нагласувајќи дека двете земји имаат ефикасен дијалог во врска со НАТО и регионалните политики.

Министерот за надворешни работи на Литванија Линкевициус на премиерот Јилдирим му изрази сочувство за жртвите кои загинаа во обидот за воен удар на 15 јули како и последните терористички напади во Газиантеп и другите градови.

Линкевициус потенцираше на значењето на поддршката на Литванија на Турција во борбата против тероризмот која се базира на силни сојузнички односи.

На разговорите беа разменети мислења и во врска со билатералните односи и регионалните прашања.



Слични вести