Кукавички напади во Ширнак, Хакќари и Ван

Рачните експлозивни направи кои беа поставени на патот во Улудере, беа активирани за време на преминот на воениот конвој

557726
Кукавички напади во Ширнак, Хакќари и Ван

Во експлозијата на мината поставена на патот во Улудере кај Ширнак загинаа 2 војници.

Рачните експлозивни направи кои беа поставени на патот во Улудере, беа активирани за време на преминот на воениот конвој. По експлозијата безбедносните сили започна сеопфатна операција во областа.

Во експлозијата на рачните експлозивни направи во Шемдинли кај Хакќари за време не преминот на едно воено возило беа повредени 3 војници.

Рачните експлозивни направи поставени од страна на теористичката организација ПКК во Јешилова беа активирани за време на преминот на едно возено возило.

Во експлозијата беа повредени 3 војници во возилото. Повредените војници со хеликоптери беа префрлени на хоспитализација во државната болница на Хакќари.

Безбедносните сили започнаа операција во областа за фаќање на терористите.

Во терористичкиот напад на една жандармериска караула во Чатак кај Ван беше повреден еден војник.

Повредениот војник по првата медицинска помош во државната болница во Чатак беше префрлен во медицинскиот центар Дурсун Одабаш при универзитетот „Јузунџу јил“ (Стота годишнина) во Ван.

Во операцијата која започна за фаќање на терористите кои побегнаа, безбедносните сили открија рачни експлозивни направи кои беа поставени во отворите на патот Чатак - Ван и истите беа уништени.



Слични вести