Ердоган, залудни се сите обиди на непријателите на Турција

Претседателот Ердоган истакна дека оние средини на кои не им успеа да ја распарчат Турција со обидот за воен удар сега се користат со методите на поделба на етничка и национална основа.

555995
Ердоган, залудни се сите обиди на непријателите на Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна дека оние средини на кои не им успеа да ја распарчат Турција со обидот за воен удар сега се користат со методите на поделба на етничка и национална основа.

Претседателот Ердоган остро го осуди терористичкиот напад во Газиантеп.Ердоган во продолжение рече:уште еднаш сакам да потенцирам дека нема било каква разлика меѓу терористичката организација ФЕТО која на 15 јули се обиде да изврши преврат во земјата и насилно да ја смени власта и терористичката организација ДЕАШ за која постојат индиции дека е во позадината на терористичкиот напад во Газиантеп. Но залудно нема да успеат во нивните намери.

Им порачуваме на овие терористички организации дека нема да успеат, нема да успеат да го замочлат езанот, да го симнат знамето, да ја поделат земјата, да го поделат народот.

По повод крвавиот терористички напад во Газиантеп се огласи и премиерот Бинали Јилдирим кој рече тероризмот го покажа своето вистинско лице,сеејќи смрт на свадба. Нема да престанеме со борбата против тероризмот,воедно потенцирам дека никому нема да му успее да ја распарчи Турција.



Слични вести